Австралија предвидува нов буџетски дефицит


Владата на Австралија е подготвена да го претстави својот најнов буџет, без оглед дека земјата се соочува со економски тешкотии пред изборите, кои се очекува да се одржат подоцна оваа година.

Државниот благајник Вејн Суан ќе ги претстави своите расходни планови, и се очекува да каже дали Австралија ќе го објави вториот буџетски дефицит за последните три години, објави “Би-Би-Си”.

Аналитичарите очекуваат дефицит од најмногу 14 милијарди австралиски долари (19,2 милијарди долари) за финансиската година 2013-14 година.

Според некои аналитичари, додека рударскиот сектор е движечка сила одговорна за стабилниот економски раст во Австралија, другите делови на економијата се во застој или трпат значително забавување на растот.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …