Австралија: Состојба на катастрофа прогласена во Викторија


Мелбурн, 2 август 2020 (МИА) – Во австралиската држава Викторија денеска е прогласена состојба на катастрофа, а локалните власти воведуваат полициски час во текот на ноќта како најтешка, анти-епидемиска вонредна мерка досега.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус, изјави дека итните мерки ќе бидат во сила шест недели, до средината на септември, и оти за тој период само еден член на домаќинството ќе има одобрение да оди да купува еднаш дневно.

На граѓаните на Мелбурн во тој период нема да им биде дозволено да се оддалечуваат повеќе од пет километри од нивните домови.


Видете следно

СЗО: На американскиот континент секојдневно по 100 илјади случаи на коронавирус

Вашингтон, 11 август 2020 (МИА) – Повеќе од 100.000 случаи на Ковид-19 се регистрираат секој …