Австралијанците му ја укинале визата на Аца Лукас – Еве колку пари требал да заработи пејачот


На пет дена пред заминување во Сиднеј, на Аца Лукас му пристигнало известување дека му е укината визата која му е издадена на 28 мај бидејќи не пријавил дека е кривчно осуден, пишува „курир“.

Лукас останал без 100 000 евра бидејќи Австралијанците му ја укинале визата која регуларно ја добил на 28 мај оваа година. Лукас вчера требало да тргне на пат во Австралија, но морал да го откаже патот.

Како што пишува курир.рс, проблемот настанал кога по провераката било утврдено дека е кривично осуден, а тој во пријавата напишал дека не е.

„Се беше подготвено за турнејата на Лукас по Австралија. Картите во локалите каде што требаше да пее првиот ден се распродадени, авионските карти се купени, хотелите букирани. Се беше организирано на најдобро ниво“, вели извор и додава:

„Турнејата на Лукас требаше да почне и да заврши во Сиднеј, а во меѓувреме беше предвиден и настап во Мелбурн“ вели изворот и објаснува дека проблемот настанал кога погрешно одговорил на апликацијата.

„Дојде до забуна, во делот на апликацијата каде стои прашањето дали е кривично осуден, Лукас стави дека не е бидејќи мислеше дека станува збор за тоа дали сега кривично го гонат. Не зборува добро англиски, па поради тоа настана проблем.

„Веруваме дека ќе се заврши на најдобар можен начин. Аца се радува за тоа патување бидејќи секогаш е тука за публиката. Веќе настапуваше во Австралија и се беше во најдобар ред. Луѓето многу го сакаат и беше среќен што се е распородадено во краток рок. Ќе ги испочитуваме барањата на амбасадата, работиме на тоа да се реши ова ситуација“ велат од тимот на Лукас.


Видете следно

Приказна за гипсот раскажана во 25 години

Велат дека е материјал на иднината. Но, е материјал и на минатото. Од антиката до …