Австралиската авиокомпанија Qantas скратува 5 илјади лица


Австралиската авиокомпанија Qantas објави дека планира да отпушти 5.000 работни места откако забележа тешка финансиска загуба. Ова е само дел од плановите на австралискиот превозник за намалување на трошоците од 2 милијарди австралиски долари ( 1,8 милијарди долари ) во следните три години, објави “Би -Би-Си “.

Отпуштањата беа објавени заедно со веста за финансиската загуба од 252 милиони австралиски долари пред оданочување за последните шест месеци од минатата година.

Авиокомпанијата, која планира да ги намали и флотилата со над 50 авиони, изјави дека се соочува со силна конкуренција и кај меѓународните и кај домашните летови.

Главниот извршен директор на Qantas Алан Џојс, рече дека за кратењата на работните места ќе се дискутира со синдикатите денес (28 -ти февруари).

Во прилог на претстојните кратенки авиокомпанијата размислува и да направи промени во својата флота.

Џојс посочи дека Qantas ќе ја презакажува нарачката на осум Airbus A380 авиони. Покрај тоа ќе одложи и добивање на три Боинг 787 Dreamliner, кои биле порачани за Jetstar.


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …