Австралиските власти загрижени поради хакерски напади врз болници и истражувачки центри


Австралија изрази загриженост за хакерските напади на кибер-криминалците, честопати со поддршка на некои влади, врз болници и други здравствени и истражувачки установи ангажирани да бараат одговори на пандемијата на коронавирусот.

„Владата е загрижена што злонамерните кибер актери се обидуваат да ја искористат пандемијата за свои цели”, се вели во заедничката изјава на австралиското МНР и Центарот за трговска и кибер безбедност.

„Австралиската Цлада ги повикува сите земји веднаш да престанат со сите кибер активности – или поддршка за тие активности”, се вели во изјавата без да се прецизира за кои земји тоа се однесува.

Канбера, 20 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Прв телефонски разговор Путин-Бајден

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, првпат по изборот на …