Азиските милијардери натрупуваат богатства со најголема брзина


Богаташите во Азија го зголемуваат најбрзо статусот. Ова важи особено за кинеските милијардери. Оваа година азиските магнати додале кон сметките повеќе пари од оние во остатокот од светот.

Акумулираната состојба од милијардерите во Азија достигна 1,410 трилиони долари, и тоа е зголемување од 18,7% во однос на претходната година, покажува истражувањето на Wealth-X, компанија специјализирана за истражување на ултрабогаташите, и швајцарската банка UBS.

Бројот на милијардерите во Азија порасна за 52 лица до овој момент на годината, од кои 33-ца доаѓаат од Кина. Сега вкупниот број на милијардери на континентот е 560 лица.

Иако Азија е на трето место по Европа и Северна Америка во вкупниот број на милијардери, ултрабогаташите на азискиот континент го зголемуваат своето богатство побрзо отколку оние во останатите региони на светот, покажува истражувањето.

Бројот на милијардери во светот порасна за 7% во однос на минатата година, достигнувајќи рекордни 2325 ултрабогаташи или тоа е со 155 повеќе. Нивната вкупна состојба достигна 7,3 трилиони евра и има пораст од 12%.

Европа останува на прво место со 775 милијардери, следена од Северна Америка со 609, Азија со 560 и Блискиот Исток со 154 “Напредокот на Азија како светска економска сила веќе започна и претставувањето на милијардери во регионот ја илустрира моќта на континентот и бројните можности кои тој ги нуди за да акумулира богатства”, посочуваат авторите на студијата.

Повеќето милијардери во Азија го стекнале богатството во регионот главно благодарение на недвижностите и индустриските конгломерати. Само 11% од нив имаат освоено богатство преку финансиска, банкарска и инвестициска активност, покажува истражувањето. Азиските милијардери се и најмладите во светот со просечна возраст од 61 години, од кои само 13% го наследиле своето богатство.

Во Кина има најмногу милијардери – 190, следена од Индија со 100, Хонг Конг со 82, Јапонија со 33 и Сингапур со 32.

 


Видете следно

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.

Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни …