Бачев: Никола Груевски носи голема вина за она што денеска го имаме во Македонија


Претседателот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев вели дека доколу се одржаа изборите на 5 јуни, ќе имавме сосема друга слика во државата.

„Никола Груевски носи голема вина за она што денеска го имаме во Македонија. Ги закажа парламентарните избори за 24 април 2016, но, под притисок на Џес Бејли ги одложи. По ова, ги закажа изборите за 5 јуни 2016, но, под притисок на Бејли пак ги одложи. Се разбира, Бејли тоа го правеше се додека СДСМ не биде целосно спремен за избори. На крајот дојде финалето, изборите се одржаа на 11 декември 2016 по кои Заев ја формира владата.

Зошто постетувам на ова. На изборите кои беа закажани за 5 јуни, СДСМ пак објави дека ќе бојкотира. Груевски одговори дека еднаш по барање на СДСМ ги одложи изборите во април и сега во јуни избори ќе има по секоја цена, кој сака нека учествува.

И навистина, Груевски ги распиша изборите за 5 јуни. Во законскиот рок кандидатски листи поднесоа коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија тогаш Народно движење за Македонија. СДСМ објави бојкот.

Но, наеднаш неочекуван пресврт. Груевски на веќе започната изборна кампања, под притисок на странците ги прекина започнатите избори.

Поентата ми е дека доколу се одржаа изборите на 5 јуни, ВМРО-ДПМНМЕ ќе имаше околу 65-70 пратеници, Единствена Македонија околу 30-35 пратеници. Патем, имавме таков случај во 1994 кога коалицијата на СДСМ имаше 100 пратеници.

Во таков случај денеска ќе имавме сосема друга слика во државата. Но ете, за жал, Груевски не издржа.

За крај, не е на одмет да потсетам дека Единствена Македонија тогаш имаше добри носители на листи за пратеници“, вели Бачев


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …