Бачев открива како ќе ги одземе украдените околу 15 милијарди евра во приватизацијата и постприватизацијата во изминатите 30 години


Facebook статус на ЈАНКО БАЧЕВ:

Многумина ме прашуваат како ќе ја оствариме точката десет од нашата Платформа која се однесува на одземање на украдените околу 15 милијарди евра во приватизацијата и постприватизацијата во изминатите 30 години.

Еве го планот во пет чекори:

ЧЕКОР ПРВИ: Новата легална власт на Единствена Македонија по изборите склучува договор за стратешко партнерство со Русија;

ЧЕКОР ВТОРИ: Организирање поучна екскурзија во затворот „Идризово“, со цел, олигарсите од кои треба да се одземе украденото да се запознаат со затворските услови за живот;

ЧЕКОР ТРЕТИ: Транзициските бандити добиваат рок од 29 дена да го вратат украденото во изминатите 30 години;

ЧЕКОР ЧЕТВРТИ: Кој нема да постапи во напред наведниот рок, веќе следниот триесети ден се заведува акцијата „Сабја„ во чии рамки следува апсење и конфискација на украденото;

ЧЕКОР ПЕТТИ: Се организира референдум народот да одлучи дали конфискуваните милијарди евра да се вложат во посебен фонд за развој ИЛИ да се поделат на народот оти во криминалната приватизација транзициските бандити го поделија целото богатство а народот (целата администрација, војската, полицијата, образованието, земјоделците, невработените, студентите..) не добија ниту една акција иако 50 години наназад општествениот имот го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, па народот нека одлучи на референдум!

Се заветувам пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека нема да отстапам од оваа определба. На потег е народот.

На изборите ја бараме првата шанса за Единствена Македонија.

Тоа може да биде и последната шанса за Македонија!

Напиша Бачев на својот Фејсбук.


Видете следно

Ова е најголемата грешка што луѓето ја прават со своите пари

Кевин О’Лири е едeн од славните во корпоративниот свет во Канада и САД. Претприемачот, кој …