Banco Popular стекнува дел од бизнисот на Citibank во Шпанија


Преговорите продолжуваат речиси два месеци, а цената се очекува да биде помеѓу 300 и 400 милиони евра. Договорот ги покажува тешкотиите со кои се соочуваат странските банки во Шпанија поради финансиската криза, пишува Reuters.

Citi ќе продолжи да оперира во Шпанија, но фокусот ќе и биде врз приватното банкарство и консултантските услуги преку инвестициската единица. Продажбата се очекува да заврши во третиот квартал на годината, откако ќе биде одобрена од регулаторите.

Како резултат на договорот, Banco Popular ќе добие 1.2 милиони сметки на клиенти, средства за 2,3 милијарди евра, депозити за 2 милијарди и над 1,1 милиони издадени кредитни картички.

Се очекува шпанската банка да стане четврта по големина во земјата и да се претвори во еден од лидерите во корисничкото финансирање.

“Потпишувањето на овој договор ќе придонесе за забрзување на моделот на бизнисот, кој се однесува врз услугите на клиентите, профитабилноста и ефикасноста”, изјави Анхел Рон, директорот на Banco Popular, пренесе шпанскиот весник elEconomista.

 

 


Видете следно

Владата ја одржа 58-та седница

Владата на Република Северна Македонија на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот …