Баркодот наполни 40 години


Денес, 26 јуни, во различни точки по земјината топка над 5 милијарди пати ќе се чуе сигналот од скенирањето на GS1 баркодот – при продажба на касата, во магацините, при натовар истовар на активности, итн.

На овој ден во 1974 година Шерон Бјукенен, благајник во супермаркетот Marsh во Трој, Охајо (САД), за прв пат скенираше производ со баркод GS1. Клиентот е Клајд Досон, директор на истражувањата и развојот во Marsh. Првиот скениран производ е пакувањето на овошни мастики Wrigley, чие место во историјата се чува во Националниот музеј на американската историја во Вашингтон.

„Можете ли да замислите, ако немаше баркод”, вели Мигел Лопера, претседател и извршен директор на GS1. „Замислете ги редиците на касите во продавниците. Замислете го незадоволството на клиентите. Представете си, што ќе се случи ако еден ден во супермаркетот скенерите откажат да работат и касиерите треба да ги воведуваат податоците од баркодот рачно?

Дали некогаш сте размислувале, колку пати дневно се скенираат баркодовите на касите во трговските објекти? Милијарди. Ова влијае на сите и го подобрува квалитетот на услугата. Не ми текнува друго нешто што повеќе да би ја олеснила трговијата во светот од баркодот.

 


Видете следно

Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од пандемијата

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Република Северна Македонија кај Европската …