Бавно прилагодување на фирмите кон системот е-даноци


Пет до дванаесет и овојпат чекаа фирмите за да се приклучат во електронскиот систем за пријавување на даноци. Иако управата за јавни приходи редовно организираше обуки, сепак останаа компании кои го испуштија и последниот рок да пријават ДДВ. Оваа обврска ја имаа само месечните обврзници. За тримесечните обврзници рокот истекува во јули годинава.

Вчера истече крајниот рок до кој фирмите – месечни обврзници требаше да го пријават данокот на додадена вредност. До вчера 186 од 4.600 компании не ја исполнија законската обврска навреме.


Фирмите имаа време до вчера на полноќ да пријават данок. Со официјални информации за нивниот број Управата за јавни приходи ќе излезе во понеделник. Од таму информираат дека поголем дел од пријавите биле доставени во последните 3 дена, појава што станала пракса при секоја нова измена во областа на даночното работење.

Поголем дел од компаниите кои го пробија рокот се уште не се евидентирани во системот за електронско пријавување на даноци, кое стана задолжително на почетокот на годинава. Некои беа бавни и не го испочитуваа крајниот рок. Други пак критикуваа дека компјутерскиот систем не им ги прифаќа електронските адреси на фирмите и слични проблеми. Годишните биланси, пак, компаниите треба да ги достават до крајот на февруари.


Извор: Алфа ТВ, Тања Попова

 



Видете следно

Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка

Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари …