БДП во вториот квартал годинава минус 12,7 отсто


Бруто домашниот производ во вториот квартал со стапка на раст од минус 12,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите земјоделство, шумарство и рибарство од 4,5 отсто, јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, образование, дејности на здравствена и социјална заштита од 2,2 отсто и информации и комуникации од 0,9 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70,6 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намалил за 32 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30,2 отсто.

Во првиот квартал, пред да почне корона-кризата во март, БДП забележа раст од 0,2 отсто.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Ребалансот на Буџетот пред финално усвојување, со него почнува четвртиот пакет мерки

Во Собранието заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот и од понеделник се очекува тој …