Бектеши: Нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво


Во третиот квартал од годинава имаме намалување на БДП од 3,3 отсто што е согласно очекувањата одстрана на Владатаи проекциите од Министерството за финансии, оцени министерот за економија Крешник Бектеши.

-Имајќи го во предвид трендот што се движи во нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме проекциите кои ги имавме за 2020 година и нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво. Падот би требало да се движиод 4,2 до 4,5 отсто, рече Бектеши во одговор нановинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека се покажува оти економските мерки на Владата даваат резултати.

-Ивештаите за туризмот, индустриското производство  и извоот и увозот за октомври годинава покажуваат дека бројките одат само во нагорна линија.Очекуваме со завршувањето на пандемијата да имаме уште поголемо зголемување на БДП во 2021 година, потенцира Бектеши. вј/са/

Скопје, 7 декември 2020 (МИА)


Видете следно

АНАЛИЗА: 40% од високо-образованите живеат и работат во странство!

Официјално – пописот во земјава почна. На 1 ви март започна попишувањето на нерезидентното население …