Бектеши верува дека падот на економијата ќе биде четири проценти како што вели Светска банка


Министерот за економија Крешник Бектеши е уверен дека годината ќе ја завршиме со пад на економијата од четири проценти како што предвидува Светска банка и оти од следната година ќе има зголемување на БДП.

Коментирајќи ги прогнозите на Светската банка, Бектеши рече дека нивното сценарио е пооптимистичко во однос на проекциите на Владата која предвидува пад од 4,4 проценти.

– Таму е наведено дека мерките што сме ги реализирале дале резултати било тоа да се однесува на зачувувањето на работните места или на поттикнувањето на потрошувачката, рече Бектеши.

Според него, во моментот е најважно да се инјектираат средства во компаниите за да се задржи нивната ликвидност и да се сочуваат работните места. бак/дма/

Скопје, 7 октомври 2020 (МИА)


Видете следно

Директорката на ММФ ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат …