„Бела ноќ” 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје


По 16-ти пат, в сабота на 26. септември, една недела порано од вообичаеното, Скопје и скопјани беа дел од овогодинешниот градски културен настан – Бела ноќ.

На 10-те локации (паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, МКЦ, Зеленото пазарче, Ибни Пајко плоштадот, Музејот на современа уметност, Домот на култура Кочо Рацин, Архитектонскиот факултет, Градската библиотека Браќа Миладиновци и Даут Пашиниот Амам), присутните ги погледнаа перформансите, концертите, изложбите и останатите културно-уметнички активности.

Во пријатна атмосфера помина и централниот настан на Бела ноќ, Скопските евергрини, кој се одржа на паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, каде најпознатите скопските хитови беа изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Голем интерес меѓу посетителите имаше и за останатите културни случувања во градот, со што успешно заврши и оваа 16-та по ред Бела ноќ, во организација на ЈУ Универзална сала, со поддршка на Град Скопје.


Видете следно

Организирање на отстранување на отпадот е клучно за земјата

Во Македонија годишно се создаваат над 800.000 тони мешан отпад од кој на комунален отпад …