Бентли отпушта до илјада работници


Лондон, 5 јуни 2020 (МИА) – Британскиот производител на луксузни автомобили „Бентли”, кој е во сопственост на германскиот „Фолксваген”, денеска соопшти дека планира да отпушти илјада работници, односно близу една четвртина од својата работна сила.

Ова не е единствениот ваков случај во автомобилската индустрија која е погодена од пандемијата на Ковид-19. Отпуштања веќе најавија и домашниот конкурент на Бентли, Астон Мартин и застапништвото за продажба на автомобили „Лукерс”, по што без работа ќе останат до две илјади луѓе.

Бентли, фирма која е стара веќе еден век, соопшти дека на заинтересираните работници им нуди програма за доброволно заминување, но оти во иднина не се исклучени присилни отпуштања.


Видете следно

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк” за 2019 година, за одличен квалитет при …