Без струја делови на неколку скопски општини, прекинато водоснабдување во дел од Кисела Вода


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, во текот на денот без електрична енергија ќе останат корисници од неколку скопски општини.

-Од 07:20 до 15:30 часот, корисниците од ул. „Лазар поп Трајков” бр.17,18 19, ул. „Ташко Караџа” бр.2, 4 ,6 ,8 ул. „Трифун Хаџи Јанев” бр.8 ,10, 12, во општина Гази Баба, од 09 до 12:00 часот, корисниците од ул. „Трајко” во нас.Лисиче, општина Аеродром, потоа од 09:30 до 11 часот, корисниците од дел од „Мал”, дел од ул.10 во с. Арачиново место викано Арачиновски мост потрошувачите околу ТС с. Арачиново 6, од 09 до 13 часот, корисниците од с. Студеничани околу старата џамија и околу училиштето во општина Студеничани, како и од 09 до 15 часот, корисниците од дел од ул. „Анастас” Митрев делот кон Железничка станица дел од ул. „Петар Ацев”, општина Аеродром, соопшти Центарот за управување со кризи.


Од Центарот додаваат дека поради изведување водоводен приклучок ф 200 на улица „Иван Козаров” ББ, денеска прекин во водоснабдувањето ќе има на ул. „Иван Козаров” од Чешма до Економско училиште, и дел од улиците „Божидар Аџија”, „Доситеј Обрадовиќ”, „Киро Крстевски” и „Марко Цепенков”, во општина Кисела Вода.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот се до санирање на дефектот. свс/нд/

Скопје, 8 април 2021 (МИА) 


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …