Без струја денеска дел од Пинтија, а утре делови од Карпош, Добри Дол, Долно Соње и Побожје


Поради техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од Општина Кисела Вода, а утре делови од Сопиште, Карпош и Чучер Сандево.

Како што соопштија од РЦУК-Скопје по добиеното известување од ЕВН, без струја денеска од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците 1515, 1513 и дел од улицата „Саса“ во околината на ОУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Пинтија.


Утре пак, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Добри Дол, а од 9 до 12 часот корисниците од дел од селото Горно Соње во Општина Сопиште.

Исто така, од 09:00 до 10:30 часот утре без струја ќе бидат и објектите во околината на булеварот „Партизански Одреди“ број 70, а од 09:00 до 14:00 часот, улицата „Желево“ зградите 3 и 5 и улицата „Разловечко Востание“ зградите 22 и 24 во Општина Карпош.


Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од селото Побожје во Oпштина Чучер Сандево. бт/сп/

Скопје, 27 јуни 2022 (МИА)



Видете следно

Презентација на извештајот за справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје

Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот …