Breaking News

Без струја утре делови од Центар и Гази Баба


Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Гази Баба.


Како што информираат од РЦУК Скопје, утре во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат дел од ул.„Владимир Полежиновски“ во општина Центар, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот, ул. „13-ти Август Охридски Договор“ од бр. 10 до бр. 28 во општина Гази Баба. дма/


Фото:МИА архива

Скопје,16 март 2023 (МИА)