Breaking News

Без вода дел од Драчево


ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска, од 09 30 часот, без вода ќе бидат улиците „Илија Ристевски“, „Партизански Пат“ и место наречено Три Круши во Драчево.


Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради исклучување на стара мрежа ф 80 мм на улица „Партизански Пат“ бб.


Корисниците ќе бидат без вода од 09 30 часот до завршување на интервенцијата. ир/сп

Скопје, 18 март 2023 (МИА)