Без вода денес дел од булеварот „Партизански одреди” во Карпош


Без вода денес од 9.00 часот ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански Одреди”, од бројот 58 до 83 во Општина Карпош.

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот е поради промената на затворач со пречник од ф-100мм.


Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.


Видете следно

Граѓаните во Скопје спасија над 111 милиони денари од уништување

Кога сте добро организирани, 24 часа е доволно време да патувате на другата страна на …