ФБИ истражува дали жена украла лаптоп на Пелоси со план да го продаде на Русија


ФБИ истражува опција дека жена можеби украла лаптоп од канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, за време на неодамнешниот насилен упад во зградата на Конгресот, со цел да го продаде на Русија.

Поднесена е кривична пријава против, засега официјално неименувана жена, јави Си-Ен-Ен.

Сепак, американските медиуми наведуваат дека станува збор за 22-годишната Рилеј Џун Вилијамс од Пенсилванија, која е обвинета за влегување во зградата за време на опсадата на Конгресот и за кражба на лаптопот на Пелоси.

Наводниот сведок им рекол на истражителите дека пријателите на Вилијамс објавиле видео на кое се гледа како таа го краде компјутерот и рекле дека таа има намера да го испрати на пријател во Русија, кој потоа планирал да го продаде на руската разузнавачка служба.

Сепак, според сведокот, планот пропаднал од непознати причини и Вилијамс или се уште го поседува лаптопот или го уништила. ссм/
Вашингтон, 18 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Макрадули: Ќе ја вратиме Поштата кај граѓаните

Утрово само за еден час направени се 500 трансакции од кои 92 во Поштата во …