Breaking News

Bio Hack My World 2023 инкубаторската програма за сите вљубеници во науката


UNDP заедно со Град Скопје и UNICEF  ја отвараат првата  „Отворена градска лабораторија“ лоцирана во СУГС „Марија Кири – Склодовска“-Скопје, за биотрансформација со цел да ги вклучат заедниците во креирање трајни решенија за менаџирање со биоотпадот во Северна Македонија. Таа е наменета за стартапи, ученици, млади иноватори, ентузијасти и вљубеници во науката.


Со цел да се привлечат и запознаат со новата градска лабораторија учениците и младите претпириемачи кои имаат талент за трансформација на биоотпатод во екосистемот отворен е повик за инкубаторска програма за предизвикот Bio Hack My World 2023.


Биоотпадот во Северна Македонија сочинува 45,6% од целокупниот отпад произведен во земјата. Поголемиот дел од тој отпад, речиси 95%, завршува на отворени површини и депонии, кои испуштаат гасови и придонесуваат за низа еколошки предизвици. Градската лабораторијата ќе го користи био отпадот како примарна точка за поттикнување на иновациите, образованието и значајното ангажирање на заедниците во изнаоѓање решенија за зголемените еколошки предизвици во земјата. Лабораторијата за биотрансформација ќе им обезбеди на иноваторите, претприемачите, студентите и наставниците потребна опрема за искористување на потенцијалот на биоотпадот преку експериментирање, учење и тестирање идеи и социјални иновации.

Поради потребата од пополнување на големата празнина на темата за менаџирање со биоотпадот и неговата трансформација, постои можност и за претприемачите да креираат решенија за проблемот. Новата био лабораторија ќе го промовира развојот на овие решенија, обезбедувајќи пристап на сите заинтересирани за темата. Предизвикот Bio Hack My World 2023 ја има истата цел, како и промовирање на лабораторијата и нејзините можности. Повикот за аплицирање е да се вклучи одредена целна група на визионери на возраст од 15 до 35+ години, кои се заинтересирани за биотехнологии и сакаат да иновираат со менаџирање на биотпадот.


Ве повикуваме да аплицирате за предизвикот Bio-hack my world 2023 (аплицирајте ТУКА), кој ќе се одржи во Скопје од 3-ти до 15-ти мај, со стартап идеја за трансформација на биоотпад (или други области поврзани со истражувањето и биотехнологијата на STEM).

Склопете тим, кој може да се состои од 2 или повеќе учесници (најмногу  6), а 10 од нив ќе бидат избрани да учествуваат во инкубаторксата програма за развој на стартап. Програмата започнува со 2-дневна работилница, проследена со фаза на инкубација и главен настан односно Демо Ден и Експо каде ќе се презентираат и изложат крајните идеи.


Инкубаторската програмата вклучува:

  • Менторски сесии со експерти од областа – совети за деловно планирање, трансформација на био-отпад, стратегија и прибирање средства;
  • Пристап до новата „Отворена градска лабораторија“ за биотрансформации со ментор – ќе се спроведе тестирање и достави доказ;
  • Неделни работилници – за истражување и тестирање, поставување цели, развој на бизнисот и стратегија за инвеститори;
  • Подготовка за презентации – развивање на привлечна претприемничка приказна.

Целото искуството завршува со настан наречен Демо Ден и Експо, каде што учесниците ќе имаат можност да ги пренесат своите идеи и решенија на стартап заедницата, потенцијалните инвеститори и пошироката публика.


Новоопремената лабораторија за биотрансформации ќе служи понатаму како центар за поттикнување љубопитност и инспирирција за заедница на претприемачи,  каде млади луѓе, едукатори и ентузијасти од граѓанското општество ќе имаат можност да продолжат со активности и иновации во доменот на пренамена на моделите на биоотпад и циркуларната економија.