Bitcoin надмина вредност од 1000 долари


Вредноста на еден биткоин (bitcoin) надмина 1.000 долари за прв пат од постоењето на виртуелната валута, соопшти MTGox, еден од главните трговци на биткоините, пренесе ББС.

Вредноста на валутата се зголемува постојано откако американскиот Сенат ги објави виртуелните валути како “легитимни средства”.

Според Мајк Херн, инвеститор во биткоини, многу е возбудливо да гледаш како вредноста на виртуелната валута од нула достигнува 1000 $ само за 5 години.

Според него, важно е да не се заборави дека вистинската вредност на биткоинот не е во девизните курсеви, а во тоа дека таа дава можност за развој на нови апликации и услуги, недостапни за друг вид плаќања, пишува уште ББС.

Во моментов во светот постојат околу 11 милиони биткоини, а креаторите на валутата обезбедиле постојан проток од околу 3600 нови монети на ден.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …