Битиќи: „Отворен Балкан” е шанса за сите, да ја оставиме регионалната конкуренција и да се посветиме на конкурентноста


Да ја оставиме зад нас регионалната конкуренција и да појдеме напред заедно со силната регионална конкурентност, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи од денешниот панел што се одржува во рамки на самитот „Отворен Балкан” во Охрид.

– За жал, долги години нашите земји се затворени и заклучени во политика. Денеска од тука ви велам да ги отвориме за искуства, можности, напредок, развој и конкурентност. Да ја оставиме зад нас регионалната конкуренција и да појдеме напред заедно со силната регионалната конкурентност затоа што секоја земја од Западен Балкан со својата единственост за развој и иднина е додадена вредност за нашиот регион, рече Битиќи во обраќањето.


Иницијативата „Отворен Балкан”, како што посочи, е шанса за сите генерации.

– Олицетворение на Опен Балкан сум јас – образуван во Тирана, работно искуство креирано во Западен Балкан почнувајќи од Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна, а сето тоа затоа што ми беше дадена една шанса. Но јас сум еден. Отворен Балкан е шанса за сите наши генерации, а што е помоќно од тоа да дадеме една шанса, истакна Битиќи.


Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан”, според Битиќи, се големи. Изминатиот период компаниите од трите држави (Северна Македонија, Албанија и Србија) имаат можност да ги извезуваат своите производи без трошење на времето за административни процедури, а веќе реалност е и слободениот пазар на труд кој отвора поголеми можности за граѓаните.

– Велат ако сакаш да одиш брзо, оди сам, но ако сакаш да одиш далеку, тогаш оди заедно. А долгорочна стабилност, мир и предвидливост е она што нашите граѓани го заслужуваат, рече Битиќи меѓу другото во своето обраќање.


На самитот во Охрид, присутни се премиерите на Северна Македонија и Косово, Димитар Ковачевски и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ. Присутни се и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, како и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи. сс/бак/

Скопје, 8 јуни 2022 (МИА)


Видете следно

СДСМ: Македонската економија привлекува сериозни странски инвестиции

Со СДСМ и во време на криза македонската економија останува атрактивна за сериозни, големи странски …