Битиќи-Тицињски: Врвен приоритет економската соработка со земјите од ЕУ


Скопје, 15 октомври 2020 (МИА) – Врвен приоритет на Владата кога станува збор за економската соработка е одржување и унапредување на економските врски со земјите од Европската Унија. Ваква порака му пренел вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на полскиот амбасадор Војциех Тицињски.

На средбата на која се разговарало за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, било оценето дека соработката е на задоволително ниво и оти Полска контиунирано е меѓу 15-те држави со кои Северна Македонија остварува најголема трговска размена која во 2019 година изнесувала околу 300 милиони евра.

Како можности за зголемување на економската соработка меѓу двете земји се посочени планираните инфраструктурни проекти во патната, железничката, гасната и електро –енергетската инфраструктура, односно преку јавните тендери кои ќе бидат објавени ќе можат да аплицираат и компании од Полска специјализирани за изведување на инфраструктурни проекти.

Од страна на амбасадорот Тицињски е оценето дека меѓу двете земји постои цврсто пријателство и оти нема отворени политички и економски прашања. Полска останува посветена во поддршката на евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија, порачал амбасадорот Тицињски.

Вицепремиерот Битиќи истакнал дека Северна Македонија би сакала да ги искористи искуствата од Полска во процесот на спроведување на реформи потребни за пристапување кон ЕУ, како и за подигнување на конкурентноста на домашната економија, преку формирање на технолошки паркови, развој на ИТ секторот и дигатилзацијата. бак/дма/


Видете следно

Министерството за економија го подготви првиот Предлог-закон за ЈПП во земјава (ДПЛ)

Министерството за економија со помош на експерти од Светска банка го подготви првиот Предлог-закон за …