Breaking News

Битиќи: Цената на струјата се регулира не само со стапката на ДДВ, туку и со други одлучувачки параметри


Се прават последните анализи од Регулаторната комисија за енергетика за цената на струјата, која, како што изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи,  не се регулира не само со стапката на ДДВ, туку и со другите одлучувачки параметри  во нејзиното финално креирање.


На новинарско прашање за цената на струјата, Битиќи потсети дека законското решение автоматски предвидува од 1 јули да се врати старата даночна стапка.


  -Не е зголемување, туку законското решение е такво, автоматски на 1 јули да се врати старата даночна стапка. Се прават последните анализи со Регулаторната комисија за енергетика.

Слушнавте и вчера во изјавата дека на крај на денот не би сакале да товарот да падне врз крајниот корисник, но тоа се регулира не само со ставката на ДДВ туку и со другите параметри коишто се одлучувачки во креирање на финалната цена, изјави Битиќи, по отворањето на Македонскиот енергетски форум МЕФ 2023.


 Се пресметуваат, дополни, влезните параметри за дефинирање на финалната цена од РКЕ.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски вчера, на прашање како ќе влијае евентуалното зголемување на ДДВ-то за стујата од 10 на 18 отсто од први јули годинава врз цената на електричната енергија, посочи дека РКЕ кога ги носи своите цени, носи цени без ДДВ, така што врз нивната одлука тоа ќе нема никакво влијаниеБислимовски најави дека се што постои како можност и тоа што го имаат на располагање ќе го искористат за, како што рече, да можеме уште повеќе да ја релаксираме ситуацијата со цената на електрична енергија.


Барање за нова цена на струјата има поднесено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Хоум и МЕМО во својство на оператор на пазар на електрична енергија.

Преносниот систем оператор МЕПСО се уште нема поднесено барање за определување на цената за пренос на електрична енергија.


Последниот рок е 31 мај и очекувањата на Бислимовски се дека тоа ќе биде направено до среда.

Потоа, РКЕ ќе прави вообичаено анализи како што прави секоја година и ќе ги донесеме одлуките, изјави вчера Бислимоски.

 Од Електродистрибуција бараат покачување за дистрибуција на електрична енергија од 32,13 проценти за вршење на нивната дејност – дистрибуција на електрична енергија, а за операторот на пазарот на електрична енергија се уште не е обработено барањето, ЕВН Хоум, како што појасни, нема наведено колкава промена бара на цената бидејќи во текот на јуни треба да ја направи набавката на електричната енергија на тендерот што треба да го распише за тој месец, а исто така не знае колкави ќе бидат трошоците за пренос и за дистрибуција.

мч/лв/  .

Извор: МИА