Бизнисите во Италија полека ќе се вратат во живот: Се отвораат фабриките во земјата наредната недела


Мерките за карантин во Италија, кои се во сила веќе еден месец, го забавија ширењето на коронавирусот, но ја задушуваат економијата, пишува Вол Стрит Журнал.

Во март, производителите го доживеаја најлошиот месец во историјата и ја предупредуваа владата дека ќе изгубат клиенти кои ќе се префрлат на германски и други конкуренти, освен ако фабриките не се отворат повторно. Рестораните кои преживеале две светски војни сега се во опасност повторно да не се отворат. Земјоделството има потреба од најмалку 200.000 сезонски работници, кои обично доаѓаат од странство.

Италија напредува во контролата на епидемијата. Бројот на лица под интензивна нега се намалува во последните неколку дена после пикот минатата недела. Не е јасно кога владата ќе ги олесни мерките. И во Италија тие се меѓу најстрогите во западните земји.

Италијанската влада разгледува постепен план за отворање на економијата до средината на април. По Велигден, ограничен број на индустриски сектори можат да продолжат со работа, во зависност од успехот на епидемијата. Сепак, може да бидат потребни неколку недели за да се отстранат сите мерки.

Бизнисите во секторот на услуги, како ресторани и барови, ќе треба да чекаат уште подолго.

Италија се соочува со смртоносен ризик од карантински мерки, бидејќи во земјата има огромен број на мали и средни претпријатија, повеќето од нив во семејна сопственост и со ограничено финансирање. Во Италија, 95% од компаниите имаат помалку од 10 вработени. А економијата на земјата сè уште се нема целосно опоравено од претходната криза. Во последниве години,

За да се ублажи ударот, во понеделникот Рим ја зголеми на 750 милијарди евра програмата за гарантирање банкарски заем што ќе биде достапна за правните лица и за домаќинствата.

Компаниите сметаат дека брзата финансиска помош е неопходна за нивниот опстанок. Но, тие велат дека сакаат прво да се вратат на работа.

Баровите и рестораните беа првите што се затворија во Италија – и веројатно ќе бидат последните што ќе се отворат. Но, многу сопственици се загрижени дека ако мерките се спроведуваат премногу долго, тие воопшто нема да можат да се отворат.

Еден од најстарите ресторани за пица во Неапол – Гориција 1916 година, ги преживеал двете светски војни и епидемијата на колера. Сопственикот Салваторе Грасо се прашува дали ќе може да ја преживее оваа пандемија. „Никогаш не сме биле затворени толку долго“, вели тој.

Грасо нема приход, но сепак има трошоци, вклучително и месечна закупнина од 11.000 евра. Државата сепак му помага: половина од трошоците за изнајмување ќе бидат одземени од даночни обврски, а платите на 15-те вработени ќе бидат субвенционирани од државата за наредните два месеци.

Земјоделството, сепак, страда од недостаток на сезонски работници, од кои повеќето обично потекнуваат од Источна Европа. Потребни се повеќе од 200.000 годинава, според локалното здружение.


Видете следно

Штипските текстилни и кожарски фабрики ја почитуваат уредбата за забрана за работа

Штип, 5 јуни 2020 (МИА) – Штипските текстилни и кожарски фабрики денеска ја почитуваа забраната …