Бизнисот ќе потроши 500 милијарди долари поради нарушувањата на ИТ безбедноста оваа година


Речиси 500 милијарди долари се очекува да потроши светскиот бизнис во 2014, за да се справи со проблемите предизвикани од малициозниот софтвер, намерно интегриран со пиратски софтвер.

Од нив 127 милијарди долари ќе одат за справување со прашања поврзани со безбедноста и 364 милијарди долари за борба против кражбата на лични податоци. Тоа покажува новото заедничко истражување на IDC и Националниот универзитет на Сингапур ( NUS ).

Според истражувањето корисниците ширум светот најверојатно ќе потрошат 25 милијарди долари и ќе изгубат 1,2 милијарди часа оваа година поради закани по безбедноста и скапите компјутерски поправки како резултат на пиратски софтвер со малициозен софтвер.

Податоците покажуваат дека за 60% од испитаниците, најголем страв од заразниот софтвер е поврзан со губење на податоци, датотеки или лични информации, следен од неовластени интернет трансакции (51%) и хакирање на e-mail, социјалните мрежи и банкарски сметки (50 %). Сепак, 43 % од испитаниците не инсталираат безбедносни надградби, оставајќи ги компјутерите отворени за напади од криминалци.

Владите пак се најмногу загрижени од загубата на бизнис трговски тајни или конкурентните информации (59 %), неовластен пристап до доверливи државни информации ( 55% ), како и од влијанието на сајбер нападите врз критичната инфраструктура ( 55% ).

Се смета дека владите можат да загубат над 50 милијарди долари за справување со проблемите. Од истражувањето станува јасно уште дека речиси 20 % од нелегалниот софтвер во компаниите се инсталира од вработените.


Видете следно

Владата ја одржа 58-та седница

Владата на Република Северна Македонија на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот …