BlackBerry со помала од очекуваната загуба


Канадскиот производител на smartphone BlackBerry забележа помала загуба од очекуваната на аналитичарите.

Компанијата изгубила 423 милиони долари во фискалниот четврти квартал изминатата година. Една година порано производителот имаше профит од 98 милиони долари.

Приходите на BlackBerry се намалија за 64 % во текот на годината, достигнувајќи до 976 милиони долари од 2,68 милијарди долари во претходниот тримесечен период, објави агенцијата ” Ројтерс “.

Резултатите беа пречекани со оптимизам од извршниот директор на компанијата Џон Чен.

” Многу сум задоволен од постигнатиот напредок и исполнувањето на целите за четвртиот квартал. Очекувам сепак да излеземе на добивка најрано кон крајот на следната фискална година”, изјави Чен.


Видете следно

Пакомак е првата македонска компанија која воведува повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот …