„Благој Ѓорев“ го стимулира развојот на македонското земјоделство


„Благој Ѓорев“ ќе го откупи сончогледот на македонските земјоделци по повисока цена од онаа што се нуди на агро берзите

Единствениот откупувач на маслодајни семиња во Македонија „Благој Ѓорев“ ќе понуди поголема цена за 1 тон сончоглед во однос на најниската берзанска цена која се нуди на светските пазари годинава. Во моментов цената за еден тон сончоглед на светските берзи изнесува околу 210 евра, а откупната цена со која „Благој Ѓорев“ ќе го откупи сончогледот ќе изнесува 250 евра за еден тон.

„Како единствени откупувачи на сончогледот од македонските сончогледови полиња, Благој Ѓорев се одлучи оваа година на македонските земјоделци да им понуди поголема откупна цена со која се надеваме ќе го стимулираме понатамошното одгледување и производство на оваа култура. Свесни сме за недостигот на домашното производство на сончоглед, па на овој начин сакавме да ги мотивираме и охрабриме нашите земјоделци да ги зголемат своите капацитети и следната година да излезат со поголемо производство на маслодајни семиња“ –изјави генералниот директорот на на Благој Ѓорев г. Горан Лазов.

Оваа информација доаѓа веднаш по поефтинувањето на маслото за јадење „Кристал“ за 13 отсто. Односно од 78 денари сега може да се купи за 68 денари. Ова поефтинување е резултат на намалените цени на сончогледот и сировото сончогледово масло на светските берзи. Богатиот род на сончогледот во соседството Бугарија, Србија, Романија но и во Украина придонесе да се намали и цената по тон. Не може да се каже до кога ќе трае овој тренд, но во зависност од него ќе се формира и цента на македонскиот пазар – изјави Горан Лазов извршен директор на Маслодајна.

„Благој Ѓорев“ започна да работи како фабрика за масло во 1923 година, па се до 1999 година кога е трансформирана во Прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство. Тие веќе трета година по ред извезуваат поголем асортиман од своите производи во Косово, а од минатата година и во Босна. Покрај производството на рафинирано масло, маргарин и други тврди масти оваа прехранбена индустрија произведува оцет и кондиторски производи и тоа следејќи ги актуелните законски регулативи и имплементирајќи го HACCP системот. Нивните „Кристал“ производи се избрани за супербренд во 2013/2014 година.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …