Близу 300 казни за возачи на подрачјето на град Скопје


Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 06.10.2019 во времето од 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило. Притоа, санкционирани се 78 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриен е и 61 останат прекршок за кои се издадени 29 мандатни платни налози и 32 прекршочни платни налози.

На 06.10.2019 во времето од 14.00 до 24.00 часот санкционирани се 22 возачи на мотори, а откриени се и 127 останати прекршоци за кои се издадени 86 мандатни платни налози и 41 прекршочен платен налог.



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …