Фото: bloomberg

Блумберг собра 16 милиони долари за поранешните осуденици на Флорида да можат да гласаат 


Поранешниот градоначалник на Њујоркмилијардерот Мајк Блумберг и неговиот тим, собрале 16 милиони долари за исплата на судски трошоци за над 32.000 гласачи, поранешни осуденици од Флорида, главно Јужноамериканци и Афроамериканци, за овие да можат да гласаат на изборите. 

Парите одат преку организацијата Коалиција за обнова на правата во Флорида.  

Блумберг вети најмалку 100 милиони долари спонзорства за победа на демократскиот претседателски кандиндат Џо Бајден во Флорида. Милијардерот исто така учествуваше во трката за номинција претседателски кандидат на Демократската партија. 

Според него, ваквото спонзорство е поефективен начин да се добијат нови гласови на контото на демократите (на изборите на 3 ноември ќе се гласа и за избор на конгресмени), отколку да се убедуваат гласачите со право на глас.  

Анкетите укажуваат дека популарноста на Бајден кај Американците со кубанско потекло, најсилната јужноамериканска група на Флорида, е пониска од онаа на Хилари Клинтон во 2016 година, и тимот на Блумберг смета дека помошта за подмирување на судските долгови на екс-осудените може да го подобри рејтингот на Бајден кај оваа малцинска група.

Според законите на Флорида, поранешните осуденици кои имаат ненаплатени судски  трошоци не смеат да гласаат додека не ги измират овие долгови. Законот е донесен од републиканците и важи за сите екс-осудени освен за оние кои лежеле робија за убиство или сексуално насилство.  

Според Универзитет на Флорида, повеќе од 775.000 поранешни осуденици сеуште должат парични суми поврзани со нивните пресуди и затоа законот не им дозволува да гласаат. Најголем дел од нив се премногу сиромашни за да ги платат долговите, јави Вашингтон пост. 

Слични донации преку својата невладина организација врши и НБА кошаркарот ЛеБрон Џејмс. Блумберг е фокусиран само на припадници на јужноамерикански и афроамерикански малцински групи и ќе плаќа судски трошоци не поголеми од 1.500 долари. кб/ 

Вашингтон 22 септември 2020 (МИА) 


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.272.150 лица. Од последици …