Бочварски:  Со новиот ребаланс на Буџетот нема да се кратат средства од Министерството за транспорт


Со новиот ребаланс на Буџетот нема да се кратат средства од Министерството за транспорт и врски, сите пари за изградба и реконструкција на патишта низ државата се користат, а парите за изградба на железничката пруга од Куманово до Бугарија се повлечени, бидејќи изведувачот се повлече од трасата, рече денеска министерот за трамспорт и врски, Благој Бочварски по увидот во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш.

-Средствата нема потреба да стојат, бидејќи ние таму воопшто немаме изведувач. Тоа што го направи Владата за овој проект конечно реално да заземе посериозен замав и динамика, е спојување на правата и втората делница на железничката пруга Куманово – Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка и во текот на 2021 година вака споена оваа делница ги распишеме во нова постапка, за да добиеме изведувач, а очекувам и посакувам тој изведувач да биде сериозен и да продолжи со реализација на оваа значајна пруга од Коридорот 8, истакна Бочварски.

Прашан за ребалнсот на Буџетот, кој предвидува повеќе средства за изградба на водоводни и канализациски мрежи, Бочварски напомена дека проектите кои се реалзираат во општините се во тек, а таму каде што има поголем прогрес на реализација се додаваат средства за тие проекти да се работат и да нема застој во нивната изградба.

-Ребалансот на буџетот е скроен добро. Се она што има прогрес и се реализира до 31 декември годинава, да имаме средства на располагање. Таму каде што гледаме дека недостасуваат додаваме, таму каде што гледаме дека се вишок ги кратиме, но тоа не значи дека проектите застануваат, објасни Бочварски.

На прашањето кога ќе се користат средствата за изградба на училишта, водоводи, канализации и други капитални инвестиции за општините од средствата предвидени за изградба на Карго аеродромот, Бочварски одговори дека вицепремиерот Фатмир Битиќи веќе има разговарано со раководството на ТАВ, но се уште нема договор меѓу двете страни. Посочи дека кога ќе се постигне договорот, тогаш ќе се прави и распределбата на средствата по општините. вдј/мч/

Штип, 17 Октомври 2020 (МИА)


Видете следно

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, …