Богдановиќ  на Балкански младински форум: Работиме на подобрување на состојбата на младите


Вчера започна Балканскиот младински форум под мотото „Активно младинско учество: поттик преку креативни и иновативни решенија“.

На настанот присуствуваа над 70 претставници од граѓански организации, локални самоуправи и младински работници од регионот на Западен Балкан.

Форумот го отворија Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар, Луфти Хазири, градоначалник на општина Гнилане и член на Управниот одбор на АЛДА, Антоанета Иванова, претставник на Фондот за Западен Балкан и Елиска Гертнерова, претставник на ЕУ делегацијата.

„Општина Центар три години учествува во проектот Балкански младински форум.Работиме на подобрување на состојбата на младите и ние ја отворивме првата Канцеларија за млади. Нашата грижа ја покажува и формирањето Совет за млади на општина Центар, а  преку буџетот ги подржуваме младински иницијативи. Општината има изготвено и работи на реализација на  Стратегијата за млади 2015-2020 и Акциски план. Со Алда партнерски учествуваме во неколку проекти. Добивме европски грант за проектот “ReCov” преку програма “Европа за граѓаните” кој е во фаза на имплементација. Сакам и тука да нагласам дека секогаш остануваме отворени за младите, за нивните иницијативи, а во иднина општина Центар ќе се заложи  младите да бидат што позначаен сегмент во работата на општината и  ќе бидат вклучени  во процесите на креирање на проектите и донесување на одлуките“, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ,  потенцирајќи дека  ќе продолжи да подржува вакви регионални и меѓународни платформи и проекти за развој на младинските капацитети.

Балканскиот младински форум се одржува четврта година по ред.Проектот е имплементиран од Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) Скопје, заедно со седум Агенции за локална демократија од Балканот.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …