Богоев, од 06-ти до 11-ти мај, ќе биде во студиска посета на Германија


На покана на Фондацијата Friedriech Ebert Stiftung (FES), градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, од 06-ти до 11-ти мај, ќе биде во студиска посета на Германија. Заедно со претставници од локалните самоуправи на повеќе земји, во меѓусебните дискусии, ќе разменат искуства во врска со социо – еколошките трендови во општините.

Градоначалникот Богоев ќе има своја презентација во која ќе се осврне на главните предизвици на Општина Карпош на полето на екологијата и заштитата на животната средина.

Исто така, оваа посета е можност да се стекнат нови практики и искуства во врска со управувањето со отпадот во земјите – членки на Европската Унија.

За време на студискиот престој ќе се посетат повеќе градови во Германија: Дортмунд, Штутгарт, Хајделберг, Шорндорф, Минстер, Заербек, при што ќе се одржат работилници и сесии за одржливоста на градовите, нивното функционирање и справување со климатските промени.

 


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот до сега има 6.317.156 лица заразени со новиот коронавирус. Од …