Богоевски: Ниту на мицкоски, ниту на Чулев им е гајле за безбедноста во државава


Техничкиот Министер за внатрешни работи не е дојден со задача да ја заштити, или не дај Боже, унапреди безбедноста во Република Северна Македонија, вели Павле Богоевски.

„Судејќи по неговите постапки, очигледно е дека агендата на „врвниот професионалец“ на ВМРО-ДПМНЕ е идентична со онаа на партијата која го назначи – прикажување и предизвикување на што е можно поголем хаос и иницирање на битката за расчистување со неистомислениците.

Основата на комуникациската стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за мобилизирање на гласачи на овие избори е – „нивната победа е неминовна, а кога со сигурност ќе дојдат на власт, ќе ги избришат сите анти-државни промени кои ги направила расипничката влада на Заев и ќе ги испозатворат сите кои тие ги сметаат за криминалци или предавници.“

За да убедат што е можно поголем број гласачи во неминовноста на својата победа, тие мораат мошне убедливо да ја креираат приказната која сакаат да ја продадат. Затоа, со сигурност тврдам дека единствената работа која ќе ја вршат не само Чулев, туку и сите останати технички министри и заменици-министри ќе биде блокирање на што е можно поголем дел од работата на министерствата и на Владата, со што ќе се прикаже неефикасност и распиништво; и кревање галама за најчесто непостоечки и конфузни криминални заговори и дела на сегашната власт. Велам непостоечки и конфузни, бидејќи во денешното време на брзи информации и лажни вести, може да биде многу поефективно политичкиот проптивник да го обвинуваш за работи кои ги нема сторено, отколку за нешта кои навистина ги направил. Така, тој/таа е ставен/а во положба на постојана дефанзива и без јасно креирана стратегија поради постојаните различни напади.

Тука, улогата на Чулев е малку поинаква од останатите. Неговото педигре на лојален режимски службеник и во најмрачните времиња на државава и неговата позиционираност во МВР го прават ударната тупаница на предизборната пропаганда која ќе следи. Негова работа ќе биде убедувањето на јавноста во одлучноста на ДПМНЕ во постизборното расчистување со непријателите. Затоа Чулев веќе го претвара МВР во МВРО со кадар чија задача ќе биде креирање хаос и афери. Затоа Чулев под дрво и под камен веќе бара обвинител кој ќе се согласи во предизборието да отвори постапка против Заев.

Дополнително, но не непланирано – ефектот кој оваа пропаганда ќе го има врз веќе започнатите постапки против поранешниот режим – тие веруваат дека така целосно ќе го банализираат секој обид за нивно повикување на одговорност, што има за цел да ја отапи јавноста во поглед на нивните секојдневни малверзации, манипулации и изигрувања на судскиот систем“, пишува Богоевски на Facebook.

Facebook статус: Павле Богоевски



Видете следно

Швајцарија повеќе не ги сака лицата со бугарски пасоши

Дали Швајцарецот ќе го следи британскиот пример и ќе и сврти грб на ЕУ, прашува …