Богојески: Македонски концепт е единствена и уникатна понуда која гарантира промена на власта, но во исто време и неможност за обнова на бандитизмот од минатото!


Вечерва, во Градскиот Парк на добро познатата школка се одржа последниот настан од предизборната кампања на политичката платформа Македонски Концепт. На настанот последно обраќање пред изборниот молк даде промоторот на платформата Петар Богојески. Тој изјави дека платформата е прва уникатна понуда, која се разликува од сите останати понуди кои се присутни на политичката сцена, преку која го изразуваме единствено и исклучиво гласот на граѓаните и преку конкретни проекти идеи и решенија на професионалците кои се дел од граѓанските листи на Македонски концепт сакаме да влијаеме врз целокупниот општествен систем во државава. Богојески додаде дека Македонски концепт е единствена и уникатна понуда која гарантира промена на власта, но во исто време и неможност за обнова на бандитизмот од минатото. Во изборната кампања се видоа сите дефекти на изборниот модел и зависноста на медиумите од партиите, лажни политички ветувања и сл! Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување! Ова не е борба помеѓу десното и левото туку помеѓу нормалното и ненормалното! Изберете 10 за нормалност! Ако му верувате на Заев за правда или на Мицкоски за име и знаме, гласајте за нив, но ако сте освестени дека нема разлика помеѓу нив двајца, тогаш гласајте за 10! Ова е последна шанса за богати граѓани, нормална држава, за Македонија на Македонците, Македонија на сите граѓани, каде сите ние сме Македонци!


Видете следно

Кордалов за МИА за темата образование: Дигитализацијата е од интерес на секого

Образовните институции имаа доволно време да дејствуваат и да преземат конкретни мерки и чекори кои …