Богојески: Нас ни треба држава без етнички партии, без етнички предзнак


„Македонски концепт како единствената граѓанска листа на овие избори го има своето уникатно решение. Точно знаеме што треба да направиме да го симнеме Зоран Заев од власт, но во исто време да не дозволиме Протугер, Камчев, Мијалков и Груевски да се вратат на власт“, изјави Петар Богојески за емисијата „Само вистина“.

Според него, Македонија мора да има унитарност да прерасне во граѓанска држава на граѓаните и во таа смисла тие како движење ќе инсистираат на целосна реорганизација на политичкиот систем.

„Забрана со Устав на етнички партии со етнички предзнак. Нас ни треба држава без етнички партии. На Македонија ѝ треба способен премиер, небитно од која националност доаѓа“, смета Богојески.


Видете следно

Љупчо Николовски ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!

„На 14 февруари пред две години и се јавив на мајка ми да и честитам …