Богојески: Нема разлика помеѓу Заев и Мицкоски, освен што Мицкоски е најдобриот лидер на опозиција, но само за Заев, а не и за Македонија


Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите, а ветувањата се потполно исти.  Лидерите на двата политички блока СДСМ и ДПМНЕ упорно ја залажуваат јавноста дека Заев ќе донесе правда и ќе го врател Груевски, додека пак Мицкоски ќе го реши Заев. Слушнавме ветувања за правда, за подобар живот, за повисоки плати, за подобра социо-економска положба, за казнивост на политичарите, политичка одговорност, но не добивме ништо.

“Можам само да констатирам дека нема разлика помеѓу господин Заев и господин Мицкоски, со една забелешка дека Мицкоски е најдобриот лидер на опозиција, но само за Заев, а не и за Македонија!

Сите ние сакаме промена на власта во Македонија, но тоа нема да се случи ако гласате за Мицкоски и нема да биде симната елитата која 30 година го прави истиот со нашата држава.

Тие лица околу Мицкоски не се борат за доброто на граѓаните и државата, туку само за лична слобода, лични интереси и кариери! Изминативе години со случувањата во државата многу пати се уверивме во тоа. Неказнивоста на политичките бандити е симбол на соработката помеѓу овие двајца лицемерни лидери на СДСМ1 и СДСМ2. Тоа што криминалците политичари не одговараат пред законот најмногу им одговара на нив двајца, и со тоа се продолжува со злоупотреба на јавните политички функции за семејно богатење.

Дополнително од овде сакам да упатам прашање до господинот Димитров, да каже на македонската јавност каде се гаранциите од Преспа за европската интеграција на Македонија?

Македонскиот народ сака да знае и што направи госпоѓа Силјановска – Давкова во последниве 30 години како министерка и универзитетски професор за правото и правдата во земјава? Дали со личен пример покажа дека министрите треба само да се богатат и тоа ли се тие право и правда за кои се залага Обновата?

Дали е свесна госпоѓа Давкова во чии раце е денес и за кого работи во палатата и што и е задачата? Дали да се врати бандитизмот во земјава е нејзината визија за право и правда?”, потенцираше Богојески.

“Наместо лаги и лични интереси, сите ние од Македонски концепт се залагаме за казнивост на политичарите, политичка одговорност, кривично дело- лажно политичко ветување и финансиска лустрација на политичарите, функционерите и сите што се на јавни функции почнувајќи од мене. Со вакви закони ќе дојдеме до вистински граѓански парламент кој што ќе работи во функција на граѓаните и само за интересите на граѓаните. Само гласот за број 10 е глас за победа на граѓаните врз политичарите”, заклучи Богојески.

 


Видете следно

Мицкоски: Ахмети ме информираше дека ќе преговара за влада со СДСМ

Со Али Ахмети имавме едночасовна средба минатата недела во Собранието. На таа средба господинот Ахмети …