Богоев: Вкупниот долг на Карпош е повеќе од 18 милиони евра


Државниот завод за ревизија го забележува и фактот дека се доделувале буџетски средства на кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“ АД Скопје. Во 2016 година, исплатени се средства во износ од 38 милиони денари (618 илјади евра). За доделените средства, клубот нема дадено детални податоци за начинот на кој се потрошени. Инаку, од 15 март 2015 година, Општина Карпош се јавува и како основач на КК „Карпош Соколи“ АД Скопје и истовремено доделува финансиска поддршка на акционерското друштво.

Општина Карпош при исплатата на средства/трансфери до спортски клубови, не склучувала договори во писмена форма со примателот на донацијата и спонзорството и не се изготвувани извештаи за начинот на кој е трошена дадената донација/спонзорство, со што се повредени Законот за облигациони односи и Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (член 4 и 19), се вели во Извештајот на Државниот завод за ревизија.

Во претстојниот период, Општина Карпош ќе постапи согласно препораките на Државниот завод за ревизија, со цел локалната самоуправа да се врати во колосек и да се обезбеди целосно законско работење и располагање со буџетските средства.

Извештајот завршува со тоа што ревизорскиот тим не изразува мислење, сшто значи се квалификува дека финансиско – материјалното работење на Општината на најниско можно ниво. Констатирано е дека сметката на основен Буџет (637) не е во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Градоначалникот Богоев посочи дека со денешното доставување на Извештајот до Основното јавно обвинителство, Општината јасно ја покажа својата волја за целосно расчистување со констатираното незаконско работење во Карпош, но и за целосно постапување по препораките на ДЗР.

„Општината е подготвена да соработува и со сите други органи и институции, за сите инволвирани страни да одговораат за своите постапки  и злоупотреби. Соработувавме со Уставниот суд на полето на урбанистичкото планирање, манифестираме јавна подготвеност за зголемена соработка и со Основното јавно обвинителство.

Бараме одговорност, час поскоро!

Секое кривично дело, секоја законска повреда имаат име и презиме“, заврши Богоев.


Видете следно

Сторил 12 кривични дела: Од станови и куќи одземал пари, накит, бела техника и други вредни предмети …

СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.А.(29) од Охрид поради …