Бомгартнер ќе ги претстави Програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на ЕУ


Програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија денеска на прес-конфереција ќе ги претстави францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер.

Амбасадорот Бомгартнер вчера ги презентираше приоритетите на француското претседателство пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.


– Зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвци со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година, најави Бомгартнер. мд/сп/
Скопје, 14 јануари 2022 (МИА)


Видете следно

Повторно високи бројки: Направени се 6.353 тестови, а еве колку нови случаи се регистрирани со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 …