Божиновски: Алчноста и профитот се најголеми убијци во Македонија


„Не дека во светот е нешто различно ама кај нас е веќе алармантно. Секоја компанија сака да прави профит и секој поединец кој има своја фирма да му работи добро. Тоа е основата на капитализмот. Само што кај нас е многу поважно да направиш профит без оглед на сѐ.

Предничат странските компании. Дрисла гори којзнае каков отпад кој го труе Скопје, без никакви стандарди, без никави надзор и контроли со смешна една казна од 8000 евра. Веројатно пради корупција на надлежните.

Во странските инвестиции се работи како во Бангладеш. Порад сиромаштијата која ни е наметната луѓето се радосни таму да работат со тоа што имаат и превоз и оброк иако умираат по Дрекслермаери и пичкематерине затоа што не ги оставаат да излезат ако им се слоши.

Дел од луѓето би го менувале своето и здравјето на своите најблиски по цена да се отвори рудник “Иловица“ само за да имаат некаква плата.

Банките имаат рекорден профит минатата година. Се разбира сето тоа не би било можно без законите кои ги олабавија условите за земање на кредити па можеш да заглавиш бескрајно. Тука негде и стигаме до нашите.

Кога не ќе можеш да исплатиш тоа што си се презадолжил за да преживееш идат извршителите кои се повеќе од задоволни да ти земат сѐ и да те остават на улица.

15-те загинати во сообраќајката на автопатот се директна жртва на алчноста и желбата за профит на сопственикот кој не ги сервисирал сопирачките и поради врски со власта имал свој Центар за технички преглед каде што можел да прави што сака. Состојбата е скоро иста со сите превозници и е чудо како досега не имаме вакви сообраќајќи на неделно ниво.

А ако имаш сообраќајка ќе завршиш во болница. Таму нема услови за лекување, нема материјали за лекување, нема персонал. Може да ти затреба снимање на магнетна резонанца. Ако чекаш на Мој термин тоа снимање може да е и постхумно. Затоа одиш во приватна болница каде што ќе си платиш за нешто што веќе плаќаш со осигурувањето.

Можеш и да тужиш. Нормално нема да добиеш затоа што немаш врски нити ќе дадеш пари за корупција. Во Германија на пример ја тужат државата за загадена околина…

Во Битола не можеш тоа. Зошто? Па цел град работи во најголемиот загадувач. Ама РЕК е државен, не за профит. РЕК е само за да ги задоволи локалните моќници, па и државните кои како добавувачи добиваат пари од ангажирање на нивна техника и луѓе кои се вработуваат преку нив во РЕК. Последно што ми текнува е Трансмет и Сиљан Мицевски.

Можеш да се пожалиш на медиуми! Курац можеш. И таму владее профитот и рекетот. Ми текнува дека едно време на курир.мк имаше три реклами од Трансмет. Па што, се рекламираат… Да, затоа што седиш ти и читаш вести па ти текнува дека ти треба тешка механизација и ете баш од таа реклама ќе ги одбереш нив. Не дека медиуимите од другата страна се подобри. Од друга страна телевизиите добиваа пари како услуга за да ја промовираат владата. Сега кога веќе ги нема тие ја сменија политиката за да и се умилкуваат на оваа влада.

После толку размислување треба мала прошетка во парк. Само што нема парк. Ги продадоа градоначалниците за бизнисмени за да изградат згради и лапнаа по два стана…

Добро, може време е за вожња по патишта на кои се пишува дека се набавува асфалт по една цена, се набавува поевтин и можеш да загинеш…

Напиј се Дијазепам. Ако не е увезен од ИСИС преку паралелниот увоз на лекови за кои оваа влада вети дека ќе го реши, а не го реши.

Нашите и странските профитери заедно со политичарите кои се повеќе од задоволни да им помогнат за одредена сума сакаат да си доволно здрав за да им работиш, а не прездрав за да избегаш. Доволно да ти е платата за да имаш сила да работиш, но не и да имаш време да видиш што се случува од кредити, од тоа малку слободно време што ти останало да се замараш со политика. Удри бригу на весеље.

Вашата несреќа и сиромаштија е нивниот профит…“

Facebook статус: Божидар Божиновски



Видете следно

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Денеска заврши имплементацијата на Твининг Проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“, …