Божиновски: Кој ќе ги купува тие станови? Скопје ќе стане Македонија, а со тоа и Македонија ќе умре …


“Во Аеродром дадена дозвола за изградба на 307 стана само во јануари“

Покрај ова ќе се гради огромен комплекс на Скопски Саем, спроти Холидеј Ин МПЦ има земјиште за 60 катници и уште колку вакви чуда и зградички ќе никнат? Ова е како прво голем проблем за жителите на Скопје.На тие места можеше да има паркови и зелени површини кои му се потребни на најзагадениот град во Европа. Наместо ова градоначалниците решаваат повторно да даваат дозволи за градба во замена за по некој стан. Скопје уште повеќе ќе се гуши.

Но, ова е само дел од еден поголем проблем. Кој ќе ги купува тие станови? Сигурно нема да дојдат странци да работат по маркети и сендвичари во Скопје. Ќе ги купуваат скопјани и луѓе од провинција. Првите за да им ги изнајмуваат на вторите, а оние од провинција за да им живеат децата во Скопје. Што не носи до најголемиот проблем што и оваа влада изгледа не сака да го реши, децентрализацијата, особено економска.

Не сите кои сме дојдени во Скопје сакаме да останеме овде, но за жал родните градови не ни нудат ништо повеќе. Не знам за другите, а верувам дека е полошо, но Битола е тотално уништена на економски план, на културен, спортски, забавен. Ако Битола која според псоледниот попис имаше 95.000 жители стана град на духови што останува за градовите што беа по 10, 15.000 жители?

Централизирањето на економијата во и околу Скопје не само што ќе го убие Скопје туку полека ги убива и сите други градови. А најлошото од сето тоа е што ниедна локална власт (барем битолска) не презема ништо во врска со тоа. Градот нема млади, повеќе има битолчани во Скопје отколку во Битола.

Скопје ќе стане Македонија, а со тоа и Македонија ќе умре.“

Facebook статус: Божидар Божиновски


Видете следно

Обединета Европа на 19. Моден Викенд Скопје

Шоурум со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со …