Breaking News

БРАКО гради нова хала за зголемување на производството на возила


Велешката фабрика БРАКО започна со изградба на нова хала во која ќе се прошири производството на возила за одржување хигиена во урбани средини. Зголемените нарачки од клиенти од целиот свет ја отворија потребата од проширување на линијата и од нов простор за производните активности.

Халата ќе се протега на површина од 4500м2, ќе се гради во наредните две години и ќе чини над 2,5 милиони евра. Новиот работен простор ќе овозможи проширување и на производството на метални конструкции и елементи, а ќе содржи и административни простории, менза и други модерно опремени простории.


БРАКО постојано вложува во капитални инфраструктурни проекти со кои ги зголемува ефикасноста, ефективноста и продуктивноста, а со тоа и конкурентноста на компанијата на меѓународните пазари.