„Брако“ отвора нови погони, Ковачевски и Битиќи во посета на компанијата


Велешката компанија од метало-преработувачката индустрија „Брако” денеска ќе ги промовира новите производствени погони во кругот на фабриката.

Менаџментот ќе информира за последните инвестициски активности на компанијата, како и за плановите за развој и проширување на производствените капацитети.


На промоцијата ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, како и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кои заедно со раководството на „Брако” ќе направат обиколка на капацитетите, по што се предвидени и обраќања. мч/лв/


Видете следно

ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата

На 23 септември, во културниот дом „Ацо Караманов” во Радовиш, се одржа ЛАГ Експо 2022 …