Бранко Азески оствари работни средби со Карин Кнејсл и Хералд Марер


Во Виена, денес, 14.01.2019 година, во Австриската федерална стопанска комора, официјално беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу Коморскиот инвестициски форум, Австриската федерална стопанска комора и Австриското федерално министерство за Европа, интеграции и надворешни работи, кое ја координира работата на Австриската агенција за развој. Меморандумот обезбедува основа во следниот петгодишен период да биде обезбедена австриска поддршка и пренос на добри практики, вештини и know-how за шесте комори од земјите на Западен Балкан, од што директен бенефит ќе имаат компаниите од целиот регион. Активностите во рамките на соработката која ќе биде воспоставена ќе се фокусираат на три клучни сектори: забрзување на процесот на дигитална трансформација на компаниите од целиот регион на Западен Балкан проследена со едукација и тренинг во областа на дигитализацијата, развивање на заеднички програми на средно стручно образование, првенствено со фокус на областа на дигитализацијата, но и зајакнување на бизнис интегритетот на компаниите од Западен Балкан, преку промовирање на чесни деловни практики и спречување на корупцијата, информираат од Стопанска комора на Македонија.

Во рамките на настанот, претседателот на Стопанската комора на Македонија и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески,оствари работни средби со Карин Кнејсл, министер за Европа, интеграции и надворешни работи во Австриската федерална влада и Хералд Марер, претседател на Австриската федерална стопанска комора, како и со претставници на менаџментот на водечки австриски компании.


Видете следно

Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се …