BRANSYS национален претставник на вториот Дигитален самит за Западен Балкан во Белград, Србија


Вториот Дигитален самит за Западен Балкан започнува денес, 04 Април во Белград, Србија, на кој ќе учествуваат владини претставници од Западен Балкан, регионални организации, претставници од ИТ-индустрии и бизниси, академици и млади, со цел да се реализираат видливи резултати кога станува збор за дигитална платформа за размена на идеи и предлози.

Како дел од ИТ експертите од Северна Македонија на самитот ќе се претстави и Брансис, компанија која развива IoT решенија за менаџирање возен парк.

На 4-ти и 5-ти април, во Белград, на вториот Дигитален самит за Западен Балкан предвидени се панел дискусии за интегрирање на економиите на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар; подобрување на сајбер безбедноста; подобрување на дигиталните вештини; дигитализација на индустријата и интерактивни дискусии помеѓу владите, академиците, претпријатијата, иноваторите, граѓанските организации, младинските организации итн. Исто така, важен дел од Самитот, е и Дигиталното EXPO, каде 47 компании во дигиталната индустрија од регионот и пошироко, ќе можат да ги презентираат своите иновативни производи и услуги, но исто така да се запознаат и да се поврзат со потенцијалните партнери од регионот. Меѓу нив е и Брансис, како национален претставник, кој ги претставува своите IoT решенија за менаџирање на возен парк. Иновативноста на нивниот систем опфаќа повеќе сегменти, од кои како најважен би го издвоиле системот кој е направен да се поврзе со голем број дополнителни сензори и да им овозможи преглед на податоци на компаниите од типот на: карго, отворени/затворени врати на возила, температура, гориво, притисок на гуми, сообраќајна култура на возачи, безбедност на патот и сл.

Дознајте повеќе за Брансис IoT решенијата и за тоа што ги издвојува од останатите компании за GPS следење и менаџирање на возен парк на www.bransys.com


Видете следно

Шекеринска: Ги правиме последните чекори кон НАТО, заедно со ратификацијата очекувам двотретинско мнозинство за Законот за одбрана

Република Северна Македонија ги прави последните чекори пред членството во НАТО Алијансата – рече министерката …