Бразилците за претседател избраа економист и политичар со балкански корени


Дилма Вана Русев (португалски: Dilma Vana Rousseff) е бразилски економист, политичар и 36ти претседател на Бразил.

Русеф е воедно и првата жена претседател на Бразил. Во октомври 2010 година се кандидирала за претседател на Бразил од владејачката Работничка партија

Таткото на Дилма, Петар Стефанов Русев, е роден во Габрово, Бугарија. Како активист на Комунистичка партија, Петар во 1929 година избегал во Франција, а неколку години подоцна и во Бразил, каде што го променил името во Педро Русеф. Тој се оженил со учителката Дилма Жана да Силва, со која имале 3 деца, Игор, Дилма и Жана Лусија.

Русеф се приклучила на младинската организација на Социјалистичката партија во 1967 година. Таа учествувала во нелегалниот отпор против воената диктатура и била уапсена во 1970 година, мачена била 22 дена и била осудена од Воениот суд на Бразил. Дилма Русеф била ослободена од затворот кон крајот на 1972 година.

Подоцна, Русеф се откажала од радикалните методи на политичка борба. Во периодот од 2003 до 2005 година, Дилма Русев била министер за рудниците и енергијата на Бразил. Од 21 јуни 2005 година била шеф на канцеларијата на бразилскиот претседател Луис Инацио Лула да Силва.

Во 2010 година Дилма се кандидирала за претседател на Бразил. Во својата предизборна кампања се залагала за аграрна и политичка реформа, расни квоти, слобода на религијата и хомосексуални граѓански здруженија, но исто така била против смртната казна и легализацијата на лесните дроги. На првиот круг на 3 октомври собрала 46,9% од гласовите. Вториот круг од изборите се одржале на 31 октомври 2010 година и Дилма освоила 55,96% од гласовите.

Денес.10.2014 27, повторно Дилма Русеф останува на чело на Бразил. Бразилката победи со мала предност во вториот круг на претседателските избори во земјата.

Таа доби поддршка од 51,6% од гласачите, додека за нејзнииот противник Аесио Невис гласале 48.4% од Бразилците.

Русеф истакна дека е подготвена за дијалог. Таа се прогласи и за референдум за реформа на политичкиот систем – едно од главните барања за време на најголемите протести во земјата во јуни минатата година.

Благодарение на економскиот бум властите во земјата успеаја да финансираат социјални програми, поради што во последната деценија избегале над 40 милиони луѓе од сиромаштија, потсетува Reuters.

По завиден економски раст од 7,5% во годината пред Русеф да ја преземе претседателската функција, оваа година бразилската економија се очекува да забележи раст од помалку од 1%. Земјата беше потресена и од сериозни корупциски скандали.



Видете следно

Саем на венчавки 2020: Раскош и безвременска убавина во новата колекција венчаници на Елена Лука

Со модна ревија на венчаници од повеќе домашни дизајнери и модни куќи, вечерва беше отворен …