Британската економија се врати на нивоата пред пандемијата


Британската економија го надмина нивото од пред пандемијата по силниот раст во ноември, покажуваат официјалните бројки.

– Бруто домашниот производ порасна за 0,9 проценти во ноември 2021 година и за првпат е над нивото пред пандемијата на коронавирус, се вели во соопштението на Службата за национална статистика.


Економијата на Британија е 0,7 отсто над нивото од февруари 2020 година, додаде Службата.

– Неверојатно е да се види како размерот на економијата во ноември се враќа на нивоата пред пандемијата, што е доказ за истрајноста и решителноста на британскиот народ, изјави британскиот министер за финансии Риши Сунак. јт/
Лондон, 14 јануари 2022 (МИА)



Видете следно

Скопски моден фестивал: Премиера на првата сезона во март

Оваа пролет ќе се означи почетокот на најголемата модна манифестација во македонската метропола. Наспроти класичните …